УХМР: Врнежите добредојдени по долгиот сушен период

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет литри дожд на метар квадратен наврнале во текот на изминатото деноноќие, заклучно осум часот изутринава, на површината на Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу дожд паднал во Крушево, дури 57 литри, а најмалку во Струмица – само еден.

Во текот на денешниот ден ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд кои на места во текот на денот ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени.

 

 

УХМР: Врнежите добредојдени по долгиот сушен период

Loading...

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека врнежите паѓаат постепено и се добредојдени по долгиот и сушен летен период.

– Претходните два дена земјава беше под влијание на влажна воздушна маса при што времето беше облачно со врнежи од дожд кои беа пообилни во западните делови од земјата каде на места наврнаа и околу 30 l/m2 дожд за 24 часа.

Врнежите постепено паѓаа во текот на овие два дена и немаа поголем интензитет, така што беа добредојдени после долгиот летен сушен период и придонесоа за извесно зголемување на водостоите на реките кои беа под просекот за овој период од годината.

 

 

Исто така, исклучително беа значајни и за природните езера и вештачките акумулации низ земјава (кои што беа празни изминатиов период) за зголемување на дотекот на вода во нив, односно за нивно прихранување со вода. Значи досега, генерално земено, врнежите што паднаа изминативе два дена имаат позитивно влијание и допринесуваат за подобрување на хидролошката состојба во земјава.

Во наредниот период се очекува да продолжи врнежливото време, но засега без опасност од излевање на реките. Единствено кај помалите реки и суводолиците (при појава на интензивни поројни врнеќи) можно е брзо зголемување на нивниот водостој, а во случај врнежите да бидат од пороен карактер и бидат сконцетрирани во границите на нивните сливни подрачја можна е нивна реакција и полнење на речните корита.

Loading...

И кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот посебно во западните делови на земјата, но засега без опасност од нивно излевање. Сепак, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава во следните неколку дена.

 

 

Нивото на Пчиња сѐ уште далеку под просекот

Водостојот на реката Пчиња во Куманово и натаму е под просекот за овој период од годината и нема значително зголемување во текот на изминатото деноноќие.

Според последните мерења што УХМР ги има направено утринава во 07:30 часот, водостојот на реката Пчиња на мерната станица во атарот на селото Пелинце бил само 16 сантиметри.

Во однос на вчера нивото на реката е пораснато за само два сантиметри, но и натаму останува далеку под просекот за овој период од годината кој изнесува 40 сантиметри.

Loading...

Никола Ивановски