УХМР: Во Куманово денеска измерени 38 степени, заладување дури од петок

Сподели со своите пријатели

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Куманово биле измерени 38 степени целзиусови. Најтопло било во Кавадарци со температура од 40 степени, а најсвежо во Дебар со 29 степени целзиусови.

Времето утре ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност, локално  во планинските делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, што ќе услови благо намалување на температурата во северните делови. УВ индексот ќе биде 9. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 34 до 41 степен.

Во Куманово и околината утре ќе имаме топло и сончево време со мало замаглување. Максималната дневна температура ќе изнесува 35 степени целзиусови.

До четврток подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на претежно стабилна и многу топла воздушна маса, што ќе овозможи продолжување на периодот на претежно сончево и  многу топло време.

Според прогнозираните температури во наредните денови повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.

Промена на временската состојба се очекува од петок со благо опаѓање на температурата, кое ќе продолжи и во сабота и недала.