УХМР: Ветер со брзина од над 100 километри на час

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно време со умерен до засилен ветер од јужен правец, чија брзина на моменти ќе достигне околу 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во западните делови ќе има локален дожд уште претпладне, а попладне и во вечерните часови врнежите ќе се прошират насекаде.

Во текот на ноќта врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат на западот и на североистокот од земјава локално околу 25 литри на метар квадратен.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до18 степени. Во Скопје до 17 степени.

Утре изутрина врнежи од дожд ќе има во крајните источни делови од земјава, а преку денот врнежите ќе бидат повеќе застапени во западните делови, но нема да бидат обилни. На планините ќе врне снег, а до крајот на денот снежната граница ќе се спушти до околу 600 м.н.в. Локални врнежи од снег ќе има и во понеделник, особено претпладне во западните делови, каде на повеќе места ќе се формира и снежна покривка. Под влијание на северно струење температурите од понеделник значително ќе опаднат.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до осум, а дневната од два до 12 степени.

Извор: МИА

Loading...