УХМР со предупредување за натпросечни температури

Сподели со своите пријатели

Под влијание на многу топла воздушна маса со потекло од Африканскиот континент во следните денови во нашата земја ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината, предупредуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најтопло ќе биде в недела и во првите два дена од наредната седмица кога максималните дневни температури ќе бидат значително над просечните и ќе достигнат вредности од 25 до 32 степена.