УХМР со најава за заладување и засилен северен ветер

Сподели со своите пријатели

Заради продор на студена воздушна маса од север во сабота ќе има позначителна промена на времето, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, а на планините со локален снег, претежно во западните и северните делови. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места каде повремено ќе достигнува брзина над 70 км/час.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо со услови за слаби локални врнежи.

Дневните температури ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните.

Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.

Никола Ивановски

Leave a Reply