УХМР со најава за нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Утре во јужните делови ќе се задржи претежно облачно со локален слаб снег, а во северните ќе има намалува ње на облачноста. До четврток утрин ските температури на повеќе места ќе бидат под -15, а на места ќе се спуштат и до -20 степени. Дневните температури ќе бидат во благ пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Позначителен пораст на температурата ќе има во петок, кога ќе д ува умерен ветер од јужен правец, а максималните температури насекаде ќе бидат п озитивни.

Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на пови соките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Во источните делови на пониските места врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Во недела ќе има преодн о стабилизирање, а нови врнежи пре тежно од снег се очекуваат во понеделник.

 

Loading...