УХМР со најава за нов бран дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажен бран во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините врнежите, како што информираат од УХМР, ќе бидат од снег.

Во недела во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Нови врнежи се очекуваат во текот на ноќта и во понеделник кога поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а во некои пониски места од дожд и снег.

На планините ќе се формира нова снежна покривка.

Leave a Reply