УХМР со најава за локално невреме со обилни врнежи

Сподели со своите пријатели

До четврток нашето по драчје ќе биде под влијание на циклонска активност и влажни воздушни маси од Медитеранот. Времето ќе биде претежно облачно и посвежо со врнежи од дожд и ретки грмежи. Од целиот бран локално се очекува да наврнат и на д 75 л/м2 дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре попладне, во текот на ноќта како и в четврток претплад не врнежите ќе бидат поинтензивни и за кратко време ќе наврне поголема количина на воден талог (околу 50 л/м2 за 6 часа), особено во јужните и југоисточните делови.

Во петок и сабота времето ќе биде посончево со значите лен пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply