УХМР со најава за дожд и пад на температурата

Сподели со своите пријатели

Под влијание на влажен бран од југ, утре и во сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон сабота и во сабота наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2).

Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали (за 5 до 10 степени во однос на денес), а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Никола Ивановски

Leave a Reply