УХМР: Невреме со град го зафатило Куманово

Сподели со своите пријатели

Управата за хидромтеоролошки работи сипрати соопштение во кое стои информација дека вчеравечер Куманово било зафатено со невреме со поинтензивен карактер и појава на град во Куманово, но колку дожд паднал како и обично од УХМР немаат информација.

Поинтензивно краткотрајно невреме според синоптичарите од УХМР имало во реонот на неготинско, а во текот на ноќта имало и појава на слаб дожд, така што најмногу според нивните мерења до осум часот утринава, имало во Демир Капија – 6 литри на метар квадратен, 3 во Берово, два во Пожар и еден во Маврово.

Времето денес ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со слаб локален дожд претпладне.

Подолги сончеви периоди ќе има во источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови и ќе достигнат од 21 до 27 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но утре се уште повремено ќе дува умерен до засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура постепено ќе расте.

фото: архива