УХМР најавува температури до 40 – тиот степен

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде стабилно и топло, а максималните температурите ќе се движат од 25 до 35 Целзиусови степени.

Loading...

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека од  утре нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југозапад, која во наредните денови ќе услови надпросечни дневни температури.

Особено топло ќе биде во среда и четврток кога на повеќе места температурата ќе надмине 36, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 40 степени.