УХМР најавува пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за град

Сподели со своите пријатели

Денес во попладневните часови, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на изолирана нестабилност проследена со појава на локален пороен дожд и грмежи.

Утре од пладневните часови ќе биде нестабилно, најпрвин во западните делови, а потоа нестабилноста претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на места со засилен ветер и услови за појава на град.

Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, локално процесите ќе бидат и во форма на невреме.

Во петок се очекува врнежите да бидат пообилни. Во овие денови утринските и дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.

Leave a Reply