УХМР: Најавените врнежи можат да го покачат водостојот на Пчиња и Кумановка

Сподели со своите пријатели

Најавените врнежи во текот на попладневните часови и ноќта кои според синоптичарите на некои места ќе изнесуваат околу 30 л/м2 ќе предизвикаат зголемување на водостоите на реките во земјава.

Најголеми покачувања се очекуваат на водотеците од источниот и северо-источниот дел на земјава односно сливовите на реката Струмица во горниот дел околу Радовишко, односно Радовишка Река, реката Ораовица, и Плаваја), Брегалница, Крива Река.Кумановка и Пчиња. Во западниот дел на Македонија р.Црна има висок водостој и таму се очекува повторно зголемување.

Поради поројниот карактер на врнежите кај помалите сливни подрачја и суводoлиците можно е брзо формирање на речното истекување и полнење на речните корита. Доколку се остварат прогнозите и на места наврнат над 30 l/m2 можно е знчително зголемување на водостојот особено на малите реки, суводолиците, на местата каде коритата на реките има стеснет пресек и намалена пропусна моќ, на пониските места од речните долини кои се наоѓаат непосредно до речниот тек како и во населените урбани средини каде има слаба атмосферска канализациона мрежа. Предупредуваме на можна појава на свлечишта и одрони и посочуваме дека можни се извесни проблеми на оние места од реките каде поради дрва, гранки и друг отпаден материјал е намален напречниот пресек и водопропусноста на водотеците.

Исто така поради очекуваниот силен ветер можна е појава на бранови на Охридското Езеро. Во четврток следи заладување на времето така што врнежите на планините ќе бидат во вид на снег со што ќе биде спречено поголемо зголемување на водостоите на реките.