УХМР: На пониските места се очекува нова снежна покривка до 10 сантиметри

Сподели со своите пријатели

Денеска попладне, а особено во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од снег, кои во западните и јужните делови ќе бидат пообилни.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 сантиметри, а на повисоките места ипланините и над 20 цм.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица, а ветерот ќе предизвика и појава на снежни наноси. Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температурии појава на магла по котлините.

Leave a Reply