Угостителски објект во Опае, не бил регистриран, а работел и по дозволеното време

Сподели со своите пријатели

Угостителски објект во селото Опае, липковско, е затворен викендов, откако полицијата и инспекторите утврдиле дека работи по дозволеното работно време, а воедно не бил ниту регистриран.

Loading...

– На 26.03.2021 година после 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во село Опае, општина Липково, при што било констатирано дека објектот, кој не бил регистриран, работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и не се почитувале протоколите за отворање, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Никола Ивановски

Leave a Reply