Угина најстариот пајак во светот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најстариот познат пајак на светот загинал во 44. година, по што со години е проучуван во рамките на долгорочна студија во Австралија.

Женката пајак го надживеала претходниот рекордер, 28-годишната тарантула од Мексико, пишува во студијата објавена во научното списание „Pacific Conservation Biology Journal“.

Како што наведуваат научниците, таа не починала од старост, туку од убод од оса.

Loading...

Наречена „Број 16“ оваа женка им помогнала на научниците да дознаат важни податоци за однесувањето на тој вид на пајаци кој живее ширум Австралија, вклучувајќи и дворови на куќи.

Пајаците крсташи обично живеат помеѓу пет и 20 години, а „Број 16“ е родена во 1974. година.

Овој вид пајаци не е опасен за луѓето, иако нивното каснување може да предизвика болка и отекувања.

Leave a Reply