Удавеното момче не било киднапирано – неговиот брат ја измислил приказната (видео)

Сподели со своите пријатели

Деветгодишниот Урош, брат на малиот Стефан (12) кој вчера беше пронајден мртов во канал, во полицијата признал дека ја измислил приказната за наводното киднапирање на неговиот постар брат.

Loading...

dete kidnapirano

Експерти, според пишувањата на српските медиуми, го окарактеризирале Урош како високо интелигентно дете кое е склоно на манипулативно однесување.

За сега не се познати повеќе детали за тоа зошто детето ја измислило приказната, а не е познато ниту како починал Стефан.

Првичните информации посочуваа на тоа дека детето било киднапирано, а во јавноста се појавија и снимки од возило за кое постоеа сомнежи дека учествувало во киднапирањето.  Телото го нашол локален жител на селото Банатска Суботица на околу 300 метри од семејната куќа на момчето.

12-годишниот Стефан исчезна во саботата, по што полицијата почна опсежна истрага во околните места.

Сите гранични премини беа строго контролирани, беше воспоставена соработка со романските власти, а фотографијата на момчето беше поставена на сите електронски медиуми.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.