Училишта од Куманово вклучени во „Проектот за поддршка за интегрирано образование“

Сподели со своите пријатели

Основните училишта, „Вук Караџиќ“ и „Наим Фрашери“ од Куманово се вклучени во „Проектот за поддршка за интегрирано образование“.

Во периодот од 20 до 25 август, оваа година, во Крушево се одржа еднонеделниот тренинг-семинар што беше наменет за контекстуална обука за изградба на мир на наставници и стручни соработници.

На еднонеделната обука учествуваа 22 наставници и стручни соработници од осум основни училишта од Р.Македонија. Тренингот го водеа обучувачи од Здружението „Мировна акција“, а проектот финаниски е поддржан од делегацијата на Европската Унија во Република Македонија.

Тренингот помина во одлична работна атмосфера, во кој работата беше надополнета со задоволство и дружење меѓу наставниците, кои беа од мешани етнички групи и религии. Имаше работлници и обуки за комуникација и разбивање на конфликти, соработка, човекови права и дискриминација, изградба на мир, мултикултурализам и други, коишто наставниците можат да ги имплементираат во наставата и секако е важен сегмент и вовед во наредните фази од проектот – вели Николче Јакимовски, наставник по македонски јазик.

Ова е само првата фаза, по што ќе следат уште неколку фази до конечната реализација на овој проект во април следната година. Главна цел на проектот е поддршка на интегрирано образование, продолжување на мултитничкиот проект во училиштата, градење на соживот што ќе даде придонес кон мирот и стабилноста на државата.

 

Loading...