Учениците од СОУ “Перо Наков” изведоа претстава за членовите на “Порака Наша”

Сподели со своите пријатели

Учениците од СОУ ,,Перо Наков” денеска се дружеа со децата од дневниот центар за лицата со попреченост “Порака Наша” од Куманово.

Loading...

За време на посетата, учениците се претставија со претставата под наслов ,,Љубовта е вечна” која беше премиерно изведена за патронатот на училиштето на 13 ноември.

Штитениците беа презадоволни од прикажаното и со аплаузи ги наградија учениците.

Во иднина се планира да се работи претстава во која заеднички ќе бидат вклучени децата од центарот заедно со децата од училиштето со цел да се постигне поголема инклузија на децата со интелектуална попреченост во нашето општество, вели професорот по македонски јазик, Сашо Тодоровски.