Ученици од кумановската Гимназија во посета на Турција преку Еразмус проектот (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Шестмина средношколци од Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово заедно со тројца наставници ја посетија Турција во рамките на проектот „Running Nature into School“ кој се реализираше во рамките на „Еразмус плус“ програмата.

Loading...

Медатеранска исхрана и стил на живот беше лајтмотивот на мобилноста во Истанбул, а домаќин на учениците од Куманово им беше училиштето за талентирани ученици и уметност од областа Есенјурт.

– Се работи за втората мобилност која што се изведе во Република Турција во Истанбул, бидејќи поради ковид пандемијата паузиравме подолго време. Тимот го сочинуваа тројца професори и шест ученици, матуранти. Тема на оваа мобилност во Истанбул беше „Медитеранската исхрана и здрав начин на живот“. Секоја мобилност трае пет работни дена и дополнителни два дена за пат, изјави Славица Грујоска – Митиќ, наставник во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.

 

 

Наставничката Ангела Петковска, вели дека е фасцинирана од значењето на овој тип на проекти за да се намали одалеченоста меѓу луѓето, но и да се намалат предрасудите кон другите култури.

– Мислам дека има голем бенефит затоа што учениците преку овие проекти, преку овие дружења, размени запознаваат други народи, други култури, ги вежбаат и странските јазици. Гледавме како функционира образовниот сиситем во другите држави, споделуваме искуства, учиме ние од нив, тие од нас, ги гледаме предностите и недостатоците. Половина од денот ни поминува во работилници, заеднички часови, беа многу ефикасни, многу интересни, се вклопивме сите иако се од различни држави, па и различна возраст беа учениците, имавме време и да се прошетаме, буквално од близу да ја видиме таа култура, народ, преку сите тие културно-историски споменици, изјави Петковска.

Loading...

 

 

Кумановските гимназијалци беа гости на училиште за надарени деца, нешто што во Македонија го немаме, а би требало, смета Петковска, бидејќи имаме доста талентирани деца.

– Ние бевме гости на едно училиште кое беше училиште за надарени деца и тоа е финансирано од држвата, значи бесплатно е школувањето, а мислам дека ние такво нешто немаме. Сметам дека имаме многу паметни, талентирани деца, кои секогаш одат на некои олимпијади, натпревари, конкурси и секогаш се враќаат со награди дома, но некако им недостига тоа образование и поткрепа од самата држава и од Министерството за образование и наука. Тоа би можеле ние да го примениме, да се размислува малку повеќе за тие деца кои што имаат потенцијал во себе, смета Петковска.

 

 

Loading...

Учениците кои беа дел од проектот се воодушевени од новостекнатите искуства што им ги пружи оваа посета.

– Фокусот на проектот беше медитеранска исхрана и здрав живот. Ни се пружи можноста да разгледаме разновидни менија и оброци од сите држави кои присуствуваа на овој проект, што ни овозможи истите да ги имплементираме во нашиот живот и да живееме поздрав живот генерално, рече ученикот Милош Кировски.

 

 

– И покрај тоа што темата на проектот беше медитеранска храна и здрава исхрана, посетувавме и работилници за роботика и уметност, посетувавме часови по англиски и турски јазик што ни овозможи да ги споредиме нивниот и нашиот едукативен систем, изјави ученичката Дени Наковска.

 

Loading...

 

Дел од нив се импресионирани од културно – историските знаменитости на Труција, дел пак се задоволни што стекнале нови пријателства и се запознале со начинот на живот во турско семејство.

– Во Истанбул ние успеавме заедно со домаќините да посетиме многу историски знаменитости, имавме и прекрасно патување со брод по Босфорот и се надеваме дека во иднина ќе можеме пак да го посетиме градот и да видиме уште знаменитости, вели средношколката Каја Трајковска.

 

 

Loading...

– Во Турција бевме сместени во турски семејства, имавме шанса да се запознаеме со нивниот начин на живот, со нивната гостопримливост, стекнавме едно прекрасно искуство кое доста влијае на нас, изјави ученикот Даниел Трајковски.

 

 

– Преку овој проект стекнавме многубројни пријателства со деца од Турција, Италија, Хрватска и Србија, кои очекуваме да дојдат и да не посетат при крајот на април или почетокот на мај, рече ученикот Стефан Новковски.

Loading...

 

 

Посетата е финансирана од страна на Европската унија преку програмата „Еразмус плус“ во период од 21 до 27 ноември. Освен Македонија, дел од работилниците се и Србија, Хрватска и Италија.

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски / Стефан Младеновски