Ученици од Куманово на натпревар го покажаа знаењето за сообраќајните правила и прописи

Сподели со своите пријатели

Ученици од основните училишта во Куманово кои се дел од Училишните сообраќајни единиц при Секторот за внатрешни работи, денеска на квиз натпревар го покажаа своето знаење во областа на познавањето на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

Училишните сообраќајни единици, како што информираше Виолета Богдановска, началник на Отсек за превенција при СВР Куманово, се формирани во 2018 година со договор меѓу министерствата за внатрешни работи и образование и наука.

– Целта на нивно формирање и постоење е подигање на јавната свест кај младите за безбедно учество во сообраќајот, а преку вакви натпревари како денешниот поттик на што поголем број ученици да бидат заинтересирани, да учествуваат и да влијаат на другите млади за безбедно учество во сообраќајот. Секоја година на различен начин организираме вакви натпревари, оваа година се одлучивме нешто во форма на квиз натпревар за кој ќе има екипно најдобри тимови и поединечно најдобри член од секоја сообраќајна единица која се натпреварува денеска, изјави Богдановска.

На натпреварот, како што информираше Бојан Петковски од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, учествуваат ученици од 11 училишта.

– Досега учениците покажаа солиден интерес и знаење, останува уште половина од финалниот натпревар за утврдиме кој од учениците, односно 11 училишта кој финалист ќе стигне до највисоките три места во рангирањето, изјави Петковски.

Отсекот за превенција при СВР Куманово заедно со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот го организираа овој квиз натпревар, а најдобрите ќе добијат соодветни награди.

Никола Ивановски

Leave a Reply