Убиениот новинар истражувал поврзаност на бизнисот, власта и мафијата

Сподели со своите пријатели

Пред да биде убиен, словачкиот истражувачки новинар работел на приказна за поврзаноста помеѓу политичарите и италијанската мафија, јавуваат медиумите од Братислава, занимавајќи се со убиството на својот колега, вториот репортер кој е ликвидиран во ЕУ во последните пет месеци.

Јан Куцијак (27) и неговата девојка убиени се во нивната куќа во место близу Братислава. Шефот на полицијата веднаш соопштил дел злосторот најверојатно е поврзан со истражувачката работа на Куцијак, додека премиерот Роберт Фицо истакна дека, ако навистина станува збор за одмазда поради неговата новинарска професија, тоа е напад без преседан за слободата на печатот и демократијата во Словачка.

Додека претседателот на владата нуди награда од милион евра за информации за убиството, списанието „Сме“ јавува дека Куцијак непосредно пред убиството собирал материјали за врските помеѓу мафијата од Калибриј и блиските соработници на Фицо, меѓу кои и Марија Трошкова. Таа, како што се наведува, основала фирма со бизнисмен кој работи со Ндрангет.

Куцијак е долгогодишен истражувачки новинар, чие убиство ја потресе медиумската јавност ширум Европа.

Leave a Reply