Убиен работник при напад на телевизијата „Топ чанел“ во Тирана

Сподели со своите пријатели

Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана.

Loading...

Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на телевизијата, објави „Албенијен пост“.

Се претпоставува дека во запаленото возило се наоѓа и калашниковот што бил употребен во нападот.

Убиен е 60-годишен работник, кој починал на пат кон болница откако бил погоден во телото.

Засега не е познат мотивот за нападот кој се случил на главниот влез на „Топ чанел“.

Во Тирана цела ноќ се трага по напаѓачите, а полицијата постави контролни пунктови низ градот.