Убер воведе хеликоптерски превоз (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Убер се крена високо над Њујорк, дозволувајќи им на клиентите со подлабок џеб да летаат со хеликоптер до аеродромот Џон Ф. Кенеди од следната недела.

Loading...

Компанијата ја претстави услугата Uber Copter и најави дека летовите од долниот Менхетен ќе бидат достапни за сите клиенти од 7 октомври, пренесува Хина, додавајќи дека Uber ја даде таа опција на своите премиум клиенти во јуни.

Приближно осумминутниот лет ќе чини помеѓу 200 и 225 долари по човек и ќе вклучува и копнен транспорт.

Патниците можат да носат мал куфер со нив, а во пресрет на полетувањето, ќе разгледаат безбедносен брифинг сличен на оние на летовите на авионите.

JFK е еден од најголемите аеродроми во САД и од Менхетен кој е секогаш во сообраќен метеж до него се потребни два часа, додека со јавен превоз се стига за 50 до 75 минут.

Убер се надева дека нивниот проект „Коптер“ ќе го отвори патот за „Убер ер“, футуристичка такси-служба која ќе превезува патници во електрични летала со вертикални полетувања и слетувања.

Компанијата планира да воведе воздушни услуги во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн во 2023 година.

Leave a Reply