Убаво на око, покрај тоа и многу вкусено: Леб во боите на виножито (видео)

Сподели со своите пријатели

Неверојатно декоративен, а исто така и многу вкусен. Израдувајте ги своите најмили со ваков интересен леб.

Loading...

Состојки:

20г свеж квесец
600г брашно Т-400 меко
250 мл топло млеко
1 лажичка шеќер
половина лажичка сол
1 јаце
2 лажици мед
сок и изрендана кора од 1 лимон

Прехранбени бои во прав: жолта, портокалова, сина, зелена и црвена

Подгововка:

Во млекото се натрошува квасецот со додавање на шеќер и се остава на топло за да стаса. Се просејува брашно во чинија за мешање па потоа се додава сол, јајце, мед, сок од кора на лимон и на крајот стасаниот квасец.

Тестото се замесува, па се остава покриено на топло место за да нарасне, отприлика 40 минути.

На набрашнетата работна маса се вади нарастантото тесто, се премесува и се дели на пет делови. Во пет чинии се става од секоја боја и во сите чинии се става по едно парче од размесеното тесто. Секое тесто добро се умесува за да се соедини со бојата. По потреба може и да се капне по малку вода и да се посоли со брашно, така што тестото нема да се лепи.

Loading...

Секое парче тесто потоа со сукало се истенчува и се растегнува во вид на правоаголник отприлика според големината на тавчето за печење, димензија приближно 25х15 цм. Секое обоено парче посебно се реди едно врз друго и со сукалото повторно малку се сука, потоа се редат едно преку друго и на крај се завиткуваат во ролат.

Тестото се става во тавче обложено со хартија за печење и се пече во загреаната рерна на 200 степени отприлика 40 минути.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *