Можеби Сахар Табар не ви е познато име, но сигурно сте ги виделе нејзините фотографии на интернет.
На нив таа не личи на себе, туку на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, поточно нејзината хорор верзија.
Да, тоа е девојката со сиво лице, сини очи, „нос на Мајкл Џексон“… .Како изгледа без шминка?
Се шпекулира дека извршила дури 50 операции за да личи на нејзиниот холивудски идол, но таа никогаш не го потврдила тоа. Пред некое време таа велеше дека сè е само одлична шминка.
Сепак, старите фотографии велат дека мора да имало малку „доработување“.
Патем, Сахар Табар беше уапсена вчера за „културни злосторства и социјална и морална корупција“.
Таа се соочува со обвиненија за богохуле, поттикнување насилство, собирање приходи преку несоодветни средства и поттикнување на младите кон корупција.