УАПСЕН ЗА ОБИД ЗА КРАДЕЊЕ РАДАРИ! Сега треба да плати голема сума пари

Сподели со своите пријатели

Сигурно не е пријатно кога на домашна адреса добиваме казна за брзо возење, која ја снимил радарот на патот, а не сме биле ни свесни дека возиме пребрзо.

Loading...

За да избегне непријатности и можни последици, еден човек од Баварија дошол на идеја да ги уништи доказите за неговото прекршување и да го украде уредот за мерење на брзината, пренесува „RTL“.

Плашејќи се од последиците од брзото возење, 29-годишникот бил фатен како пакува гломазен систем за мерење на брзината во багажникот на својот автомобил, а сумата што сега треба да ја плати е далеку поголема од казната, пренесува RTL.

 

 

Сообраќаен полицаец кој во петокот бил на терен ја забележал кражбата и уапсил маж во Ханбах.

Но, тој во следниот период ќе добие кривична пријава за кражба на радарот чија вредност се проценува на 40.000 евра и тоа залудно, бидејќи како што се покажа со прегледување на камерата од лице место – радарот не го ни забележал неговиот прекршок бидејќи возел во граници.

Loading...