Уапсен кумановец за тешки дела против безбедноста на луѓето и имот во сообраќајот

Сподели со своите пријатели

Дваесете и седумгодишен кумановец вчера бил приведен врз основа на судска наредба под сомнение дека извршил тешки дела против безбедноста на луѓето и имот во сообраќајот.

Loading...

– На 18.10.2021 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода М.З.(27) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 1 од Кривичниот законик – „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил спроведен во Основен суд Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски