Уапсен клучен сведок за убиството на новинарката од Малта

Сподели со своите пријатели

Русинката Марија Јефимова по која е распишана меѓународна потерница и која е клучен сведок во истрагата за биството на малтешката новинарка Каруана Фалиција, уапсена е во Атина.

Како пренесува грчката агенција АНА, таа била уапсена денеска, откако вчеравечер самата се предала во полициска станица на плоштадот Синтагма во Атина.

Тогаш рекла дека „мора да постои нешто“ против неа, по што полицијата порнашла две меѓународни потерници кои ги издале Малта и Кипар поради обвинение за проневера и измама и ја привеле.

Таа е изведена пред јавен обвинител во Атина и нареден е притвор во затворот во Коридалос, додека не биде испратен налог за нејзина екстрадиција.

Јефтимова се смета за клучен сведок во истрагата за огромната корупција на Малта која ја водеше новинарката Дафне Каруана Галиција, која е убиена во октомври 2017. година, кога Русинката започнала да се плаши за својот живот.

– Налогот за приведување на Марија Јефтимова, заснован е на две смешни обвниненија од страна на малтешките власти, дека таа недозволено користела некои картички за своето семејство и дека лажно обвинила еден полицаец, се наведува во соопштението на Сетлиос Коулоглу од коалицијата на радикалната левица на Грција, Сириза.

Тој истакнува дека нејзината екстрадиција на Малта би можела сериозно да го загрози нејзиниот живот.

– Грчкото правосудсво кое го истражува случајот по нејзиното предавање во полицијата, мора сериозно да го земе предвид убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, на која Јефимова и давала информации од јавен интерес, за финансиски скандал, додал тој.

Leave a Reply