Уапсен извршител на 7 кражби во Куманово

Сподели со своите пријатели

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „тешка кражба“и четири кривични дела „одземање моторно возило“.

Loading...

Во периодот од 01 до 29.06.2015 година, пријавениот со употреба на физичка сила извршил тешки кражби во три куќи од каде одзел златен и сребрен накит, мобилни телефони и разни предмети, а исто така одзел и едно патничко возило и три моторцикли.

При извршување на кривичните дела пријавениот на оштетените им нанел штета во износ од околу 233.650 денари.