ТВ „Нова“ започна да зрачи со национална концесија во македонскиот етер

Сподели со своите пријатели

Од вчеранавечер македонскиот етер е побогат за уште една телевизија со национална концесија ТВ „Нова“, која ќе зрачи програма на македонски јазик, опремена со најсофистицирана опрема и искусен, професионален и млад новинарски и технички кадар.

 

Loading...

tv nova

 

Главен и одговорен уредник е Билјана Василева-Трендафилова, која направи трансфер од МРТ, а нејзини заменици се Љубиша Николовски, Анита Петровска и Гоце Михајлоски.

Идејата е, гледачите на ТВ Нова да добиваат многу повеќе од обични вести, односно телевизијата да функционира како еден вид арена, каде што ќе има простор да се слушнат многу различни ставови, уште повеќе анализи и дебати, што на гледачите ќе им понуди едно сосема ново искуство во поглед на вестите.