Тужба за „Фортнајт“ – игра која предизвикува зависност како кокаин

Сподели со своите пријатели

Родителите на момчиња од 10 и 15 години решиле да ги тужат „Епик гејмс“ за најпопуларната игра „Fortnight“ затоа што тоа предизвикува зависност.

Loading...

Правната фирма со седиште во Монтреал „Calex Legal“, која ги претставува момчињата, играта „Fortnight“ ја споредува со кокаинот и вели дека стимулира секреција на допамин во мозоците на ранливите млади луѓе кои стануваат зависни од игри, пренесува Si-Bi-Si.

Адвокатот Алесандра Еспозито Чартран смета дека има доволно докази за да се добие случајот.

Таа, исто така, ги повика родителите кои мислат исто да се приклучат.

Пријава за одобрување на колективна туба против „епик гејмс“ беше поднесена до судот во Монтреал, потпирајќи се на случајот „Quebec Superior Court“  во 2015 година, во кој беше утврдено дека тутунските компании не ги предупредуваат своите потрошувачи за опасностите од пушењето.

Според адвокатската фирма „Чартранд“, истражувањето заклучило дека „Епик гејмс“ ангажирале психолози за да ја направат играта да предизвикува поголема зависност кај играчите и да ја продаваат на пазарот за да привлечат што е можно повеќе деца.

Кога нешто е зависност, должна е компанијата да ги известува клиентите, нешто што компанијата наводно го пропуштила.

Значи, родителите кои решиле да ги тужат „Фортнајт“, никогаш не би дозволиле нивните деца да ја играат играта ако тие знаеле за можните последици, односно дека предизвикува зависност.

Loading...

Во условите за употреба на која се согласуваат сите играчи на „Fortnight“, „Епик гејмс“ се обиделе делумно да се заштитат од пристигнатите обвиненија, но „Calex Legal“,веруваат дека тоа не би значело ништо во Квебек, бидејќи законот кој ги обврзува компаниите да ги известуваат своите корисници за потенцијалните ризици од производите.

Од компанијата сè уште не се огласиле во врска со случајот.

Можно е повеќе вакви тужби да се случат и во другите делови на светот. За тоа време, Fortnight Betel Royal е сè уште бесплатна и е една од најпопуларните игри во светот, со повеќе од 125 милиони играчи.

Leave a Reply