Туск: Историјата на Балканот е подраматична од серијата „Игра на тронови“

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск оценува ека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценаријата за серијата „Игра на тронови“, иако како што вели, во нема нема змејови.

– Сите би сакале кога сегашноста и иднината на Балканот би биле помалку драматични со сценаријата. Стабилност, безбедност, просперитет, тоа е она што луѓето во целиот регион го заслужуваат, а целта на ЕУ е да помогне оваа сценарио да стане реалност, рекол Доналд Туск во Софија на церемонијата за отварањето на бугарското претседателство со ЕУ.

Туск оценува дека е добра веста што иднината на Западен Балкан е еден од приоритетите во претседателствувањето на Бугарија, објавено е на сајтот на Европскиот совет.

Претседателот на Европскиот совет ги изненади сите присутни во салата на народниот театар „Иван Вазов“ со тоа што целиот говор го изрече на бугарски јазик.