Туристи гаѓале панда со камења, затоа што не сакала да се разбуди (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Снимка од Зоолошка градина во Кина на која се гледа како туристи гаѓаат панда со камења го разлути целиот свет.

Loading...

Инцидентот е снимен во зоолошка градина во Пекинг, а туристите наводно сакале да го разбудат животното, пренесуваат странските медиуми.

Родена најмалата панда во светот: Тешка само 42,8 грама (ВИДЕО)

На снимката се гледа голема панда која седи, кога кон неа започнуваат да летаат камења.

За среќа, животното не е повредено и изгледа дека напорите на туристите не биле премногу исплатливи.

Сведок направи видео снимка и рекол дека забележал двајца мажи како ја гаѓаат пандата.

Албино панда прв пат снимена во природата (ВИДЕО)

Од зоолошката градина потврдиле дека пандата Менг Да е во добра состојба и не е повредена.

Loading...

Фото: Printscreen Weibo

Leave a Reply