Турист на електричен тротинет заталкал низ систем тунели во Осло

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Осло, Норвешка соопшти дека стопирала странски турист кого со помош на безбедносни камери го забележале дека вози електричен тротинет низ долгиот систем тунели во кој има густ сообраќј.

Loading...

Полицијата објавила дека туристот, чиј идентитет не е објавен, следејќи го „Гугл мапс“ заталкал во 16 километри долг комплекси тунели „Опера“.

Од полицијата велат дека тој бргу сфатил оти тоа што го направил не било паметно и многу внимателно возел кон излезот.

Туристот не е казнет.

Комплексот тунели поврзува две централни населби во Осло, а вклучува и подморски тунел.

Image by Trinity_eRoller from Pixabay

Leave a Reply