Турција тргнува во институционални реформи

Сподели со своите пријатели

Турција објави декрети за реформите на политички, воени и извршни институции во рамките на преминување на силниот претседателски систем, кој стапи на сила по последните избори.

Страницата Middle East Eye  пренесува дека претседателот Реџеп Таип Ердоган под новиот режим сега има широки овластувања за донесеување одлуки за извршни прашања, како и отпуштање на високорангирани државни службеници.

Турскиот Службен весник објави седум декрети кои влијаат на работата на бројни државни институции меѓу кои и Советот за национална безбедност, Дирекцијата за одбранбена индустрија, како и Државниот надзорен одбор.

Ердоган истакнува дека широките претседателски овластувања се од клучна важност за поефикасна работа на Владата, јакнење на економскиот раст и подобрување на безбедноста.

Leave a Reply