Турција имунизираше 81,3 од населението

Сподели со своите пријатели

Во Турција, до понеделник, 81,37 отсто од возрасната популација биле имунизирани со две дози од антивирусна вакцина, а 90,69 отсто еднаш, така што биле дадени нешто повеќе од 120,5 милиони дози.

Loading...

Истиот ден, корона вирусот е потврден кај 22.556 лица во Турција, а 196 пациенти починале како последица на Ковид, јави Анадолија.

За епидемиолошката состојба се огласи и министерот за здравство Фахретин Коча.

„Вирусите, како и кај грипот, се менуваат со текот на времето. Како што се бориме, така вирусот се стреми да преживее. Новите варијанти на корона вирусот може да бидат причина за загриженост, но не треба да заборавиме дека крајот на инфекцијата ќе дојде со послаби варијанти“, изјави Коча на социјалните мрежи.

 

Омикрон за недела дена направи хаос во Јужна Африка! Што го очекува остатокот од светот?