Турчин со камион излетал од магистралата Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Доцна вчеравечер, половина час пред полноќ триесет и четиригодишниот Б.А. од Република Турција излетал од магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајната незгода се случила кај месноста викано „Потрчин дол“ во атаорт на селото Петралица, кривопаланечко кога со своето товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со полуприколка, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.

Од незгодата причинета е само материјална штета, а возачот на возилото поминал без повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица од Крива Паланка.