Турбината за Северен тек 1 сѐ уште е во Германија

Сподели со своите пријатели

Турбината за „Северен тек 1“, која беше на ремонт во Канада, сѐ уште е во Германија.

Loading...

„Турбината сѐ уште е во Германија. Водиме дополнителни дискусии дали може да се пренесе во Русија со брод“, изјави Кристијан Бруч, директор на Сименс енерџи, кој е одговорен за ремонт на турбината.

Во изјавата за новинарите, тој рече дека се уште сѐ во тек разговорите со рускиот клиент.

Русија го објасни намалувањето на испораката на гас преку Северен тек 1 токму поради немањето турбина, која Канада и по завршувањето на ремонтот ја задржа поради санкциите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Откако Германија побара турбината да и се врати на Русија, Канада ја достави до Сименс.

Сепак, турбините не можат да се испорачуваат во Русија од Германија.

Гаспром минатата недела објави дека турбината може да биде испорачана само кога ќе бидат укинати санкциите против Русија.

Германскиот канцелар Олаф Шолц минатата недела ја обвини Русија дека не сака да ја добие турбината, поради што таа сѐ уште е во Германија.

Loading...