Со прозори од подот до таванот, од луксузната вила на холивудската глумица Хали Бери се пружа преубав поглед на Пацификот од секој чекор.
Четириесет и осумгодишната оскаровка, вилата ја купила во Малибу во 2004 година за 8 милиони долари. Денес за истата, доколку би ја продала, се смета дека може да заработи 10 милиони долари, а освен фантастичниот поглед на океанот, еден од најважните детали е дека во оваа вила има прекрасна внатрешна градина во која славните можат да уживаат без никаков страв дека ќе бидат снимени од фотоапаратите на неуморните папараци.
Вилата е изградена во деведесетите години од минатиот век, а проектирана од страна на познатиот архитект Тед Танака. На речиси 500 квадратни метри се распространети 4 спални соби и пет бањи, а од секоја соба се пружа поглед кон Тихиот Океан. За изградба и опремување на истата се користени стакло, челик, гранит, камен и јаворово дрво.
Глумицата се одлучила себеси да си ја дозволи оваа преубава вила додека се забавувала со францускиот глумец Оливиј Мартинез.
Во почетокот на врската, популарната двојка многу време поминуваше на плажата на која излегува оваа вила, заедно со Нала, ќерката на Хали Бери. По раѓањето на синот Масе пред две години, тие поретко доаѓаат во овој луксузен дом, а глумицата неодамна се одлучи куќата до најситен детал да ја покаже на јавноста, што укажува на намерата дека сака да ја продаде.
Моментално, вилата може да се изнајми за 50.000 долари месечно, но за сите оние кои не се во можност да си го дозволат истото уживајте во фотографиите.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.