Трудо и Бајден се сретнаа во Мексико

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џо Бајден му рекол на канадскиот премиер Џастин Трудо за време на нивната средба во Мексико дека со нетрпение очекува да ја посети Канада во март, соопшти денеска Белата куќа.

Loading...

Бајден и Трудо се сретнаа во Мексико Сити на маргините на самитот на северноамериканските лидери, каде разговараа за економската конкурентност, климатските промени, зајакнувањето на безбедносната и одбранбената соработка и глобалните предизвици, како што е ситуацијата во Украина и Хаити.

– Претседателот Бајден и премиерот Трудо разговараа за можностите за зајакнување на синџирите за снабдување со минерали, електрични возила и полупроводници и ослободување на целосниот економски потенцијал на континентот – се вели во соопштението.

Двајцата лидери разговараа и за прашањата за миграцијата и посветеноста на зајакнувањето на американско-канадското партнерство за унапредување на човековите права и одбрана на демократските вредности.