Трудо го одржа ветувањето: Канада испраќа тешка артилерија во Украина

Сподели со своите пријатели

Канада денеска објави дека обезбедила тешка артилерија на украинските вооружени сили, откако премиерот Џастин Трудо на почетокот на неделава вети дека ќе испрати таква помош на барање на украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Loading...

 

Европа попушти: ЕК најде начин да и плати гас на Русија без да ги прекрши санкциите

 

Досега Канада на украинските сили испорача голем број хаубици М777 и соодветна муниција, а при крај се и договорите за набавка на оклопни возила кои во најбрз можен рок ќе бидат испратени во Украина, соопшти Министерството за одбрана.

САД, Велика Британија и Канада ветија дека ќе испратат повеќе артилерија во Украина за да му помогнат на Киев да ги одбрани областите на истокот на земјата, каде што Русија започна општа офанзива.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Претставници на Северна Кореја во посета на Иран

 

ОН: Руската инвазија доведе до ужасни приказни за кршење на човековите права

Loading...

 

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави за новинарите во вторникот, по разговорите на кои присуствуваа британскиот премиер Борис Џонсон, канадскиот премиер Џастин Туидо и други западни лидери, дека артилеријата ќе биде во следниот контингент што САД ќе го испратат во Украина.