Трудницата почнала да се пораѓа сред летот, стјуардесата и помогнала да се породи

Сподели со своите пријатели

За време на летот од Денвер до Орландо на 17 мај, еден патник имал предвремено породување. Откако забележала дека патничката се пораѓа, стјуардесата на „Фронтиер ерлајнс“ Дијана Гиралдо решила да помогне без размислување, пишува CNN.

Loading...

Стјуардесата ја однела патничката во тоалет и и помогнала при породувањето. Пилотот Крис Нај го пренасочил авионот на аеродромот Пенсакола во Флорида, каде медицинските служби ги презеле мајката и новороденчето. Потоа летот продолжил за Орландо.

“Целиот тим навистина заврши одлична работа. Диспечерите донесоа добра одлука и не пренасочија на Флорида, каде што не чекаше медицински тим. Ова беше добро завршена работа и среќен сум што видов дека сите заедно работеа за успешно раѓање на новороденче во авион.“ – изјави Крис.

Детето го добило средното име Скај

Авиокомпанијата откри дека средното име на новороденчето е Скај, поради необичните услови на неговото раѓање, но полот и целото име на бебето не се објавени во јавноста.

Ова не е прв пат да се роди дете во авион. Во мај 2021 година, една жена се породи на лет од Солт Лејк Сити до Хонолулу. Во тој случај, персоналот не помогнал при породувањето, туку лекар и три медицински сестри биле на летот за да помогнат.