Труција ќе вработи нови 110.000 државни службеници

Сподели со своите пријатели

Трскиот премиер Бинали Јилдирим најави дека Турција следната година ќе вработи дополнителни 110.000 службеници во јавниот сектор, вклучувајќи наставници и лекари.

Јилдирим зборувајќи во градот Килис на југот на земјата прецизираше дека ќе бидат ангажирани дополнителни 36.000 нови медицински работници, како и 20.000 наставници, пренесува Ројтерс.

Околу 50.000 луѓе беа уапсени поради наводна вмешаност во неуспешниот државен удар во Турција, во јули 2016 година, а околу 150.000 беа отпуштени или суспендирани од своите позиции.