Тројца повредени во сообраќајка на патот Куманово – Скопје

Сподели со своите пријатели

Вчеравечер околу 05,45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје во селото Љубодраг се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шевролет спарк“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Б.Ј.(46) од Куманово, и патничко моторно возило „Фиат Браво“ со кумановски регистерски таблици, управувано од А.Н.(27) од Куманово.

Loading...

Како што информираат од полицијата, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото моторно возило „Шевролет спарк“ Д.Н. (49) од Куманово, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани од лекар од Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР – Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply