Тројца полицајци ранети во напад на бомбаш самоубиец во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Тројца полицајци се ранети во самоубиствен напад во полициска станица во Бандунг, на индонезискиот остров Јава, соопшти локалната полиција.

Loading...

Експлозијата се случила во вторникот вечерта по локално време во просториите на полициската станица во Бандунг.

„Вооружен маж влегол во станицата и тргнал кон полицајците“, соопшти полицијата, додавајќи дека мажот се разнел и ранил тројца полицајци.

Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница и дека објектот го обезбедуваат дополнителни полициски сили.

Засега не е познат мотивот за нападот.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во судирот меѓу паравојската и сточарите во Судан загинаа 27 лица