Тројца малолетници ќе одговараат за насилство

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против двајца шеснаесетгодишници и еден седумнаесетгодишник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 29.04.2016 година, во Куманово на ул. „Октомвриска револуција“ пријавените со употреба на физичка сила го нападнале М.Б. (19) удирајќи го со тупаници по телото при што му нанеле телесни повреди.