Тројца бегалци се удавиле во Сува Река

Сподели со своите пријатели

Тројца бегалци ноќеска три часа по полноќ го загубиле својот живот, откако се удавиле во водите на Сува Река во месноста викано Борови во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи./

Група од околу 20-30 лица мигранти, кои илегално влегле  во Р. Македонија, при обид да ја преминат Сува Реказаглавиле во реката бидејќи нивото на водата било големо. По превземени мерки полициски службеници пронашле три беживотни тела во реката, најверојатно удавени при обид да ја поминат истата.

Во реката, исто така, биле пронајдени 23 мигранти, од кои четири биле хоспитализирани во Медицински центар Гевгелија, а 19 биле сместени во Прифатен транзитен центар-Гевгелија.