Трка на полжави одржана во Велика Британија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Необично натпреварување, Светско првенство за најбрз полжав собра годинава повеќе од 150 полжави и нивни сопственици.

Натпреварувањето кое традиционално се одржува во Велика Британија уште од 1960. година се одиграло на маса на која биле исцртани три кругови, а победник бил полжавот кој прв од среднишниот круг ќе стигне до надврошениот црвен.

Секој може да учествува, а потребно е да се донесе полжав од сопствениот двор или да се избере еден од залихата на организаторите.

БИЗАРНА КРАЛИЦА НА ИНСЕКТИТЕ: Бакнува змии, гали бубачки, а жабите ги обожава (видео)

Loading...

На победникот му следува сребрена чинија со зелена салата, а оваа година тоа бил полжавот Хоста наречен по растението на кое утрото пред натпреварувањето го пронашол неговиот сопственик, пренесува Ројтерс.

На натпреварувањето се појавиле и сопственици на фарми со полжеви. Ги тренираат и внимаваат на нивната исхрана, се како во секој друг врвен спорт.

Инаку, Гинисовиот рекорд за најбрз полжат го држи Арчи, кој во 1995. година поминал 33 сантиметри за 2 минути и 20 секунди.

Leave a Reply