Трикови со кои секој ден ќе ви биде максимално продуктивен

Сподели со своите пријатели

Иако денот се состои од 24 часа, ние често имаме чувство дека времето „лета“.

Loading...

Затоа е важно да се искористи најдобро и најефикасно времето во наредниот ден.

Еве пет трикови кои ќе ви помогнат да ги искористите часовите од денот.

 

 

  1. Вежбајте наутро

Поставете аларм и вежбајте наутро. На тој начин, нема да имате причина да го прескокнете тренингот како што тоа би го направиле навечер. Исто така, ќе се чувствувате многу подобро и попродуктивно во текот на целиот ден.

 

Loading...

 

  1. Распоредете кратки паузи во текот на работниот ден

Иако можеби не изгледа така, но кратките паузи од неколку минути значат многу. Затворете ги и одморете ги очите или направете неколку вежби за истегнување за да го разбудите вашето тело.

 

 

  1. Поставете три приоритети

Се разбира, имаме многу што да направиме во текот на денот, но создавањето приоритети ќе ви го олесни процесот. Секое утро запишете ги трите најважни работи што треба да ги направите до крајот на денот.

 

Loading...

 

  1. Исклучете се од телефонот

Сè повеќе, не сме ни свесни колку време трошиме непотребно користејќи мобилни телефони. Ако не станува збор за вонредна или деловна ситуација, ставете го вашиот мобилен телефон таму каде што нема да ви биде на дофат.

 

 

  1. Изберете слични комбинации на облека

За да заштедите време, изберете комбинации на облека со истата „формула“ во текот на работната недела. На пример, кошула, панталони и чевли со потпетици. На тој начин, секогаш ќе знаете што барате кога ќе го отворите плакарот наутро.

 

Loading...

Leave a Reply